Советникот на Зеленски го исмева Путин: „Животот има одлична смисла за хумор“

Висок украински функционер одговори на говорот на рускиот претседател Владимир Путин во кој тој најави делумна мобилизација на руските граѓани, велејќи дека „животот има одлична смисла за хумор".

„210-ти ден од ‘тридневната војна’“, објави на Твитер Михајло Подољак, советник на претседателот на Украина.

„Русите кои бараа уништување на Украина на крајот добија:

1. Мобилизација.

2. Затворени граници, блокада на банкарски сметки.

3. Затвор поради дезертирање.

Сè уште е сè според планот, нели? Животот има одлична смисла за хумор“, напиша Подољак на Твитер.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе