Советникот на Трамп рече дека ќе го предупреди лидерот на Белорусија за руската закана

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон денес изјави дека планира да го искористи патувањето во Белорусија за да го предупреди нивниот лидер, претседателот Александар Лукашенко, за безбедносната закана што ја претставува Русија, пренесе Ројтерс.

Болтон ќе биде највисокиот американски официјален претставник кој ќе ја посети Белорусија по подолг период, потег што доаѓа додека Москва и Минск се движат во правец на сè поголема интеграција на своите земји, како дел од проектот сојуз на држави, кој предизвикува стравувања од тивка анексија од страна на Москва.

Русија ја гледа Белорусија како тампон-зона помеѓу својата западна граница и Европа во време кога врските со Западот се потонати на најниско ниво како во периодот на Студената војна, но негира дека се случува нешто неповолно со нивниот проект сојуз на држави и вели дека Белорусија е близок и ценет сојузник.

Говорејќи денес пред новинарите во Молдавија, Болтон рече: „... мислиме дека, според она што го слушнавме од Москва, е важно да се оди во Белорусија и да разговараме за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“.

Болтон ги даде коментарите во Кишињев по разговорите со премиерката Маја Санду, која дојде на власт во јуни и рече дека сака да ја ослободи Молдавија од олигархискиот систем што ја зафати земјата од осамостојувањето од Москва во 1991 година.

„Во име на американската влада на нас и на новата влада ви посакуваме сè најдобро во вашата антикорупциска кампања, што е исклучително важно за потенцијалните американски инвеститори…“, рече Болтон.

Молдавија, сместена помеѓу Романија и Украина, е една од најсиромашните земји во Европа. Поранешната советска република во која живеат 3,5 милиони луѓе веќе долго време е во првите редови на геополитичкото ривалство меѓу Европската унија и Русија.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе