Советник на украинскиот претседател: Зеленски може на средба со Путин само по победа на истокот

Советник на украинскиот претседател кажа дека Володимир Зеленски може да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но само по победа во војната на истокот на земјата.

EPA-EFE

„Украинскиот претседател веројатно ќе се сретне со рускиот претседател Путин дури по очекуваната голема победа за источниот регион Донбас“, кажа советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

„Украина е спремна за големи битки“, кажа Подољак во изјава за телевизијата.

„Украина мора да ги добие, особено во Донбас. А потоа Украина ќе добие посилна преговарачка позиција со која ќе може да диктира одредени услови. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да потрае две или три недели“, кажа тој.

Украинските власти кажаа дека очекуваат голема руска офанзива во Донбас. Русија најави промена на воената стратегија фокусирајќи се на истокот на земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе