Според разузнавачки информации

Советниците се плашат да му ја кажат вистината на Путин, го лажат за ситуацијата во Украина, велат САД и ЕУ

Рускиот претседател добива погрешни информации од најблиските советници, кои се „премногу уплашени да му ја кажат вистината“, кажа денес функционер од Белата куќа.

Фото: ЕПА

Американските разузнавачи заклучиле дека советниците погрешно го информираат рускиот претседател Владимир Путин за успехот на руските сили во Украина.

„Имаме информации дека Путин се почувствувал излажан од руската војска, што резултирало со постојана тензија меѓу Путин и неговото воено раководство“, рече за новинарите Кејт Бедингфилд, директорка за комуникации во Белата куќа, за време на денешниот брифинг со новинарите.

„Ние веруваме дека Путин е погрешно информиран од неговите советници за тоа колку лошо напредува руската војска и колку руската економија е осакатена од санкциите, бидејќи неговите најблиски советници премногу се плашат да му ја кажат вистината“, рече таа.

Анонимен висок американски функционер за ова денеска рекол дека процената на Вашингтон е заснована на неодамна декласифицирани разузнавачки информации. Тој не ги открил деталите за тоа како американските разузнавачи дошле до тој заклучок.

Разузнавачката заедница заклучила дека Путин „не знаел ни дека неговата војска ангажира и губи регрути во Украина“, рекол функционерот, „што покажува дека има сериозни проблеми во дотекот на информации до рускиот претседател“.

Висок европски дипломат рекол дека американската оцена е во согласност со европските заклучоци за тоа прашање.

„Путин мислел дека работите одат подобро отколку што оделе. Тоа е проблемот кога сте опкружени со мажи што само ви велат ‘да’ или седите со нив само кога ве дели многу долга маса“, рекол дипломатот.

На руските регрути им било кажано дека учествуваат во воени вежби, но пред инвазијата морале да потпишат документ со кој се прошируваат нивните должности, изјавиле двајца европски дипломати.

„Тие биле доведени во заблуда, лошо обучени и потоа се нашле во ситуација баби Украинки што личат на нивните баби да им викаат да си одат дома“, додал еден од дипломатите, пренесува Ројтерс.

Американските власти се надеваат дека објавувањето на откритијата дека Путин е доведуван во заблуда може да му помогне на рускиот лидер да ги преиспита своите опции во Украина, вели Ројтерс.

Кремљ не дал веднаш коментар по завршувањето на работниот ден во Москва, а руската амбасада во Вашингтон не одговорила веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе