Состојбата во Амазонија е сѐ потешка, во еден ден се снимени над илјада пожари (ВИДЕО)

И покрај мерките, бројот на пожарите во бразилскиот амазонски регион продолжува да расте, според официјалните податоци објавени вчера.

EPA-EFE

Во деветте бразилски држави кои граничат со амазонскиот басен, бројот на пожарите пораснал за повеќе од 20 отсто во јули во споредба со истиот месец минатата година, а податоците ги објави Националниот институт за истражување на вселената Инпе.

Институтот наведува дека во јули годинава биле регистрирани 6.804 пожари, во споредба со 5.318 во јули минатата година. функционерите се плашат дека 2020 би можела да биде и полоша за прашумите во Бразил.

Само во четвртокот сателитите снимиле 1.007 пожари во Амазонија, што бразилски Гринпис го нарече негативен 15-годишен рекорд за еден ден во јули.

Активистот на Гринпис Ромули Батиста кажа дека забраната за палење растенија со службен указ нема да функционира сѐ додека не биде засилен надзорот.

Кон средината на јули министерот за животна средина Рикардо Салес и претседателот Жаир Болсонаро забранија палење растенија во амазонскиот регион и во Пантанал, најголемиот мочуришен регион во светот, на 120 дена.

Десничарскиот популист Болсонаро го поддршува економското искористување на Амазонија. Тој е жестокот критикуван поради разорните пожари во Амазонија минатата година.

Го обвинуваат дека го прифаќа уништувањето поради отворањето нови области за земјоделство, сточарство и рударство.

Амазонија е најголемата светска прашума и научниците предупредуваат дека е клучна одбрана против климатските промени бидејќи ги апсорбира гасовите со ефект на стаклена градина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе