Сосема нов сој на коронавирусот откриен кај ученици во Франција

Новата варијанта, многу различна од другите, била откриена во октомври во училиште во департманот Финистер. 18 ученици и 6 возрасни се заразиле пред ширењето да биде ставено под контрола.

Фото: ЕПА

Нов сој на коронавирусот е откриен во училиште во Бретања, Франција, за кој експертите тврдат дека е мутација различна од сите познати варијанти на вирусот, објави француски Ле Телеграм.

Новиот сој се разликува од алфа, бета и делта-варијантата на вирусот, јавуваат француските медиуми. Тој толку бил различен од претходните, што било потребно долго време за да се открие. „Ова одложување беше грешка“, рекол влијателен француски лекар за Ле телеграм.

Досега со новиот сој на вирусот се заразени 24 лица, од кои 18 се ученици, а вирусот првпат се појавил пред еден месец.

Како што се наведува, поради појавата на вирусот, во училиштето биле затворени седум од 12 паралелки.

Во Франција масовно се шири петтиот бран на пандемијата на ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе