„За јакнење на демократијата“

Сорос им вети милијарда долари помош на универзитетите (ВИДЕО)

Американскиот милијардер Џорџ Сорос планира да донира милијарда долари на универзитетите за да ја зајакне демократијата и да ги образува прогонетите заедници.

Сорос на Светскиот економски форум во Давос кажа дека сака да ги поврзе постоечките универзитети из светот, како одговор на глобалното загревање, протестните движења низ светот и политичките трендови.

„Минатата година најјаките сили – САД, Кина и Русија – останаа во рацете на диктаторите и оние кои сакаат да бидат диктатори, а бројот на авторитарните лидери продолжи да расте“, кажа осумдесет и деветгодишниот милијардер на вечерата која секоја година ја организира во Давос.

И Централноевропскиот универзитет (ЦЕУ) кој го основа и финансира Сорос ќе биде дел од мрежата.

Сорос беше принуден да го пресели ЦЕУ од Будимпешта во Виена минатата година откако Унгарија на Виктор Орбан законски го оневозможи неговото функционирање.

Дел од средствата на Сорос ќе им бидат донирани на студенти бегалци и затвореници, како и на студенти Роми.

Сорос е жесток критичар на политичарите како американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан, а крајната десница го обвинува Сорос за промовирање и финансирање на нелегалната масовна емиграција во Европа.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе