Додик попушти

Соработката на БиХ со НАТО продолжува, почнува и формирањето на власта

Босна и Херцеговина ќе ја продолжи соработката со НАТО, а именувањето на кандидатот за премиер е директно поврзано со одлуката во седиштето на НАТО во Брисел да се достави документот со кој се потврдува преземањето на таа обврска, објави денес Претседателството на БиХ.

По 13-месечната блокада Претседателството на БиХ зад затворени врати за мандатар го именуваше 58-годишниот Зоран Тегелтија, поранешен министер за финансии на Република Српска и функционер на паријата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), со што конечно е отворен патот за воспоставување на власта во таа земја.

„Претседателството на БиХ донесе одлука во седиштето на НАТО во Брисел да се достави документот „Програма на реформи на Босна и Херцеговина“ во ток од еден ден откако Претставничкиот дом на парламентот на БиХ ќе го потврди именувањето на претседателот и министрите во Советот на министри на БиХ“, се вели во официјалното соопштение доставено до медиумите.

Од краткото соопштение се гледа дека повеќе не се користи терминот Годишен национален план на реформи (АНП), што е називот на документот околу чие усвојување и испраќање во Брисел со месеци спореа СНСД на Милорад Додик и Партијата за демократска акција (СДА) на Бакир Изетбеговиќ.

Документот под тој назив српската страна се трудеше да го блокира и да го спречи понатамошното приближување на БиХ кон членство во НАТО преку активирање на Акцискиот план за членство (МАП) при што се повика на обврските од резолуцијата на парламентот на Република Српска за „воена неутралност“ на ентитетот од 2017 година.

Претседателот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ сугерираше дека, без оглед на семантичката разлика, документот е токму тој што го бара НАТО, а на чие усвојување Додик решително се спротивставуваше.

„Документот оди во Брисел, а Тегелтија е именуван“, кажа Комшиќ. Не објасни како конечно се дошло до решението кое се чекаше повеќе од една година, колку што БиХ нема формирано власт врз основа на резултатите на изборите од октомври 2018 година.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе