Сопругата на израелскиот премиер прогласена за виновна. Парите на народот ги трошела на ручеци

Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е прогласена за виновна затоа што парите на даночните обврзници ги трошела на ручеци, пренесе новинар на АФП кој присуствувал во судницата во Ерусалим.

Првично беше обвинета во јуни 2018 година за проневера и злоупотреба на довербата, Сара Нетанјаху се спогоди со судот.

На крај е прогласена за виновна затоа што свесно искористила туѓа грешка и е осудена само со парична казна и мора да ја надомести предизвиканата штета.

Казнета е со 2500 евра, а на државата мора да ѝ врати 11.000 евра.

Сопругата на премиерот е првично обвинета за проневера и злоупотреба на доверба поради тоа што за речиси 85.000 евра нарачувала готови оброци на сметка на даночните обврзници, тврдејќи дека во официјалната резиденција на премиерот нема готвач, што не било вистина.

Тужбата за проневера која би повлекла строга казна така е отфрлена.

Судењето ѝ започна во октомври 2018 година.

Сара Нетанјаху и претходно била обвинувана. Во 2016 година, судот во Ерусалим пресуди дека Нетанјаху мора да платат отштета со камата на поранешниот батлер кој ги обвини дека со него лошо постапувале.

Бенјамин Нетанјаху, на кого сопругата има големо влијание, на почетокот на октомври треба да биде сослушан под сомнение за „корупција“, „измама“ и „злоупотреба на доверба“ во три предмети.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе