Сопругата на холандскиот амбасадор во Бејрут почина од повреди од експлозијата

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина синоќа како последица на повреди од експлозијата во пристаништето во Бејрут, објави холандското министерство.

„Со шок и голема тага известуваме дека почина нашата колешка Хедвиг Валтманс-Молие. Таа им подлегна на повредите добиени во огромната експлозија во Бејрут“, се вели во соопштението на министерството.

Педесет и петгодишната Хедвиг Валтманс-Молие беше сериозно повредена за време на експлозијата. Во тој момент таа стоела покрај својот сопруг, амбасадорот Јан Валтманс, во дневната соба на нивната куќа во Бејрут, пренесува Ројтерс, кратко време откако се вратиле од одмор. Била погодена од излетани парчиња од експлозијата.

„Хедвиг стоеше во својата дневна соба до својот сопруг кога беше погодена, од чиста несреќна случајност, од експлозијата“, велат од Министерството.

Експлозијата, која се случи во вторникот во Бејрут, предизвика голема штета на зградата на холандската амбасада, а покрај сопругата на амбасадорот, повредени се и четири други лица.

Според најновите податоци, околу 160 луѓе загинале, а повеќе од 6.000 се повредени.

Ужасната експлозија во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој беше складиран во магацинот шест години, откако бил конфискуван од царинската служба.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе