Сонцето ги натера и Германците да ги прекршат мерките, особено загрижуваат прекршувањата во Италија

Берлинската полиција регистрираше десетици прекршувања на ограничувањата бидејќи жителите излегоа во парковите за да уживаат во пролетниот сончев ден. Многу посериозно кршење на мерките, односно на карантинот, има во Италија, каде што од почетокот на март се пријавени 173.000 лица што ги прекршиле правилата за изолација и карантин, пренесува италијански Медијасет.

Полицијата во Германија поднела 30 кривични пријави во последните 24 часа и им издала 79 предупредувања на лица што не се придржувале до наредбата за ограничување, соопшти портпаролката на полицијата.

Луѓето во Германија можат да излегуваат, но мораат да ги ограничат своите контакти со други луѓе. Така, многумина излегле во градските паркови, но повеќето се држеле на бараното растојание. Две лица од различни домаќинства смеат да се сретнат само на растојание од еден и пол метар.

Многу посериозна е ситуацијата во Италија, каде што предизвикува загриженост бројот на луѓето што не се придржуваат кон строгите мерки за борба против ширењето на инфекцијата.

Меѓу 173.000 лица што ги прекршиле правилата за изолација од почетокот на март е и една медицинска сестра чие семејство било ставено во карантин. Тоа се луѓе од гратчето Фано, во регионот Марче на источниот брег на земјата.

Медицинската сестра била фатена како шета со сопругот и двете деца, држејќи се за раце, а полицијата покрена постапка против неа, додека таа се бранела тврдејќи дека „само отишла да го фрли ѓубрето“. Таа била навистина премногу далеку од дома за да ѝ поверуваат во тој изговор, јавуваат медиумите.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе