Сомалиски милитанти нападнаа американска база на дронови и европски конвој

Американска воена база користена за лансирање дронови и европски воен конвој денес се погодени во одвоени напади во Сомалија.

Новинар на Ројтерс видел сериозно оштетено оклопно возило со мала налепница на италијанското знаме во главниот град Могадишу. Не е јасно дали има жртви.

Министерството за одбрана на Италија преку соопштение изјави дека италијански воен конвој бил погоден од експлозија. Досега не се пријавени повредени, соопшти министерството.

Исто така базата управувана од американските специјални сили во градот Баледогл е погодена од бомбашки напад, проследен со мала размена на оган, изјави извор од безбедносните служби за Ројтерс.

Бунтовничката група ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.

„Во раните утрински часови во понеделникот наутро, елитна единица војници од Харакат ал-Шабаб ал Муџахедин Мартирдом бригадата започна храбар напад врз американската воена база“, се вели во соопштението на групата.

„Откако ги совладаа барикадите на тешко утврдената база, муџахедините (светите воини) влегоа во воениот комплекс, вовлекувајќи ги крстоносците во интензивна престрелка“, се додава во соопштението.

Базата е лоцирана во регионот Шабел, околу 100 км западно од Могадишу. Се користи како место за лансирање на дронови во американските операции против ал-Шабаб, група поврзана со Ал Каеда која контролира големи делови на Сомалија.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе