Сојузниците на Навални ги повикаа Русите да гласаат за Комунистичката партија

Сојузниците на затворениот руски опозиционер Алексеј Навални ги повикаа Русите да гласаат за Комунистичката партија на парламентарните избори оваа недела, во рамки на кампањата за тактичко гласање која треба да ѝ наштети на владејачката партија Единствена Русија.

EPA-EFE

Кампањата за „паметно гласање“ е осмислена од страна на Навални за да ги консолидира гласовите на оние кои се против Единствена Русија, која во моментов има три четвртини од местата во Долниот дом на парламентот и доминира со рускиот политички живот.

Таа иницијатива е еден од ретките преостанати лостови за Навални, кој служи две и пол години затвор поради кршење на правилата на условната слобода, за што тој тврди дека е измислено.

Неговото движење беше прогласено како „екстремистичко“ пред гласањето на 17 и 19 септември, а законот кој рускиот претседател Владимир Путин го потпиша во јуни им забрани на членовите на таквите групи да се кандидираат.

„Милиони луѓе во Русија ја мразат Единствена Русија“, кажа сојузникот на Навални Леонид Волков во видеото кое ја следи листата на кандидати за кои нивните сојузници велат дека имаат најголеми шанси да ја победат Единствена Русија во различните изборни окрузи.

„На сите кои не се задоволни од она што се случува во земјата објаснете им дека мораат да излезат и да гласаат на овие избори“, се порачува.

Повеќето кандидати кои сојузниците на Навални ги поддржуваат се од Комунистичката партија, втората најпопуларна партија во Русија. Во моментов има 43 пратеници во парламентот со 450 места. Сојузниците на Навални ги препорачаа комунистичките кандидати во 11 од 15 градски окрузи.

Откако опозициските сојузници ја објавија својата листа, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, сојузникот на Путин, ја објави сопствената листа на препорачани кандидати во градот.

„Јас сум на челото на партиската листа на Единствена Русија во Москва и ве повикувам да гласате за оваа партија“, напиша Собјанин на својот сајт.

Путин, кој е на власт како претседател или премиер од 1999 година, помогна во формирањето на Единствена Русија, но не е нејзин член.

Пред гласањето Путин одобри поголеми плати и еднократни исплати на војниците и припадниците на полицијата. Вети слични мерки и за пензионерите.

Критичарите на Кремљ велат дека мерките се смислени за да ја зајакнат поддршката за Единствена Русија. Кремљ вели дека мерките немаат никаква врска со изборите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе