Избори во САД

Сојузната агенција одложува да го прогласи победникот, тимот на Бајден размислува за тужби

Транзицискиот тим на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден размислува за правна постапка поради одложувањето од сојузната агенција да ја признае победата на кандидатот на демократите на минатонеделните избори над претседателот Доналд Трамп, соопшти функционер на тимот на Бајден.

EPA-EFE

Агенцијата за општи работи (ГСА) вообичаено го признава претседателскиот кандидат кога ќе стане јасно кој победил на изборите за да почне пренесувањето на власта.

Тоа засега сè уште не се случило и покрај тоа што американските медиуми во саботата го прогласија Бајден за победник откако обезбеди доволен број електорски гласови а со тоа и претседателската функција.

„Правна постапка е дефинитивно една од можностите, но постојат и други опции кои ги разгледуваме“, кажа функционерот кој сакаше да остане анонимен, на наведувајќи за кои опции станува збор.

Поради одложувањето на ГСА да го прогласи победникот на изборите, тимот на Бајден не може да дојде до милиони долари сојузни пари и не може да се сретне со функционерите на разузнавачките агенции и министерствата.

Законот не одредува точно кога ГСА мора да се огласи, но транзицискиот тим на Бајден тврди дека нивната победа е чиста и дека одложувањето не може да се оправда, без оглед на тоа што Трамп одвива да го признае поразот.

Директорката на ГСА Емили Марфи, која Трамп на таа функција ја постави во 2017 година, сè уште не утврдила „јасен победник“, кажа нејзината портпаролка.

Извор близок до Марфи кажа дека станува збор за темелна професионалка која нема да брза да донесе внимателно промислена одлука.

Трамп не престанува да повторува дека на изборите се случила масовна измама, иако за тоа не дава докази и поднесе низа судски тужби со кои се обидува да го оспори изборниот резултат.

Претставниците на изборните комисии низ земјата тврдат дека нема докази за значителни неправилности и измама, а правните експерти оценуваат дека Трамповите потези немаат големи шанси за успех.

Висок функционер на владата потсети дека ГСА не дозволила почнување на формалниот пренос на власта по изборите во 2000 година дури пет недели, кога републиканецот Џорџ В. Буш и демократот Ал Гор се соочија на изборите на кои пресудија неколку стотици гласови на Флорида.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе