Фејсбук, Јутјуб и Епл

Социјалните мрежи избришаа содржини на теоретичар на заговори, Трамп гневен (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера жестоко ја критикуваше одлуката на интернет џиновите да ги суспендираат активностите на американските десничари на социјалните мрежи, оценувајќи дека станува збор за „дискриминација“ и обвинувајќи повторно две угледни телевизиски куќи дека се „болни“.

Трамп никого не спомна по име, но коментарите следеа откако интернет џиновите минатата недела почнаа офанзива против поддржувачот на разно-разни заговори и крајниот десничар Алекс Џонс, на кој му беше забрането користење на Фејсбук и Спотифај. И Твитер во вторникот на една недела го блокираше неговиот профил.

„Социјалните мрежи апсолутно ги дискриминираат гласовите на републиканците/конзервативците“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека неговата влада тоа нема да го дозволи. Не кажа, меѓутоа, што планира да направи околу тоа прашање.

„Тие замолчуваат голем број десничари додека истовремено не прават ништо против другите. Цензурата е нешто многу опасно и апсолутно невозможна за надзор“, додаде американскиот претседател, повторно напаѓајќи ги медиумите.

„Ништо не е толку лажно како Си-ен-ен и Ем-ес-ен-би-си, но сепак не барам да се укине нивното болно однесување. Сите нека учествуваат, и добрите и лошите“, кажа Трамп.

Големите интернет компании Фејсбук, Јутјуб, Епл и Спотифај остранија минатата недела содржини објавени од теоретичарот на заговори Џонс, со објаснување дека станува збор за говор на омраза.

Основачот на интернет страницата Инфоворс, Алекс Џонс, е близок до крајната десница, а стана познат по изјавите и теориите за заговори поврзани со масакрот во училиштето Сенди Хук во 2012.

Џонс неколку пати по масакрот, кој Адам Ланза го изврши во основното училиште во Конектикат и во кој беа убиени 26 луѓе, од кои 20 деца, изјави дека злосторството било исценирано.

Тој смета дека родителите на убиените деца се всушност глумци платени да одиграат една улога.

Повеќе семејства поднесоа тужби против него, обвинувајќи го дека шири такви теории за да ги згоелми публиката и приходите.

44-годишниот десничар од Тексас изнесуваше и други теории на заговор, па и таа дека американската влада го нарачала терористичкиот напад од 11 септември.

Во 2015 година кандидатот Доналд Трамп гостуваше во емисијата на Алекс Џонс кој му даде поддршка во трката за претседател на САД.

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе