Избори во Шпанија

Социјалистите водат, но екстремната десница си ги удвои пратеничките места

Прелиминарните резултати со преброени 91% од гласовите покажуваат дека шпанскиот социјалистички лидер Педро Санчез победи на денешните избори, но гласачкото ливче нема веднаш да го реши политичкиот ќор-сокак.

Социјалистите веројатно ќе освојат 121 место, две помалку отколку на изборите во април.

Обединети можеме, партијата против штедењето, чиј лидер денеска навести поддршка за социјалистичката влада, ќе добие 35 места. Со ова ќе биде неопходна поддршка од помалите и регионалните партии за формирање левичарска влада.

Екстремно десничарската партија Вокс, која има тврдокорни ставови за имиграцијата и сепаратизмот во североисточниот регион Каталонија, има над двојно повеќе места во парламентот, од 24 на 53.

Но овие резултати, и покрај придобивките за конзервативната Народна партија, која се искачи од 66 на 86 места, не се доволни за десничарите веднаш да добијат мандат да формираат владина коалиција.

Централнодесничарката Сиудаданос, за која се сметаше дека ќе се претвори во втора политичка сила во земјата, падна од 57 на 10 пратеници.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе