„Неговото височество САРС-КоВ-2“

Сочувајте го здравиот разум, не ја потценувам опасноста, но короната е само еден од многуте вируси, вели хрватски молекуларен биолог

Молекуларниот биолог и член на Научниот совет на хрватската влада Гордан Лауц вчера на Фејсбук објави статус под наслов „Неговото височество САРС-КоВ-2“, во кој, без да ја потценува опасноста од коронавирусот што доведе до глобална криза, посочува на фактот дека станува збор за само еден од цела низа вируси и дека стресот и прекумерниот страв од болест се контрапродуктивни за имунитетот.

Фото: ЕПА

Лауц вели дека САРС-КоВ-2, иако опасен, е само една од низата вируси што всушност по ништо не е посебен.

„САРС-КоВ-2 го покори светот. Пред еден вирус што всушност по ништо не е толку посебен, на колена клекнаа речиси сите светски влади. Рецесијата поради пандемијата е поголема од рецесијата предизвикана од Втората светска војна“, ја почнува Лауц својата објава.

„Повеќето луѓе не размислуваат за вирусите, а многумина не ни знаат добро каква е разликата помеѓу вирусите и бактериите (затоа бараат антибиотик при првите симптоми на настинка). На пример, она за што денес малкумина се свесни е дека вирусот на сипаниците е многу позаразен од САРС-КоВ-2 и дека нивната смртност е еднаква (околу 1 на 1.000 заразени со сипаници, а кај САРС-КоВ-2 нешто повеќе, со тоа што за луѓето на возраст под 80 години сипаниците се многу посмртоносни отколку ковид-19). Значи, ако повеќето од нас не беа вакцинирани против сипаници, пандемијата на сипаниците ќе беше многу пострашна од пандемијата на САРС-КоВ-2. Вакцината против САРС-КоВ-2 исто така доаѓа за неколку месеци, така што оваа приказна со пандемијата секако е завршена напролет“, напиша Лауц.

„Денес научив нешто интересно за кое досега не размислував. Сите знаеме дека во текот на зимата, респираторните вируси предизвикуваат многу болести и убиваат многу луѓе. Голема студија спроведена во Бразил покажа дека кај околу 3 проценти од вирусните пневмонии, од кои умреа луѓе без други болести (и без јасна причина за болеста), единствената изолирана причина биле коронавирусите, кои кај повеќето луѓе предизвикуваат многу лесни симптоми. Значи, она што го нарекуваме настинка исто така може да убие некои луѓе и тие други коронавируси воопшто не се безопасни“, предупреди Лауц, кој објави и научна студија што го потврдува тоа.

„Значи, ни по тоа САРС-КоВ-2 не е ништо посебен вирус. Дури и во екот на пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2 во Загреб, кога проценуваме дека можеби повеќе од 10 проценти од луѓето се активно заразени, кај повеќето луѓе со симптоми што доаѓаат на тестирање болеста ја предизвикале некои други вируси, а не САРС-КоВ-2“, оценува Лауц.

„Не ја потценувам тежината на проблемот што го имаме. САРС-КоВ-2 денес му се заканува со колапс на нашиот здравствен систем и сите ние мора активно да учествуваме во напорите за спречување на ширењето на пандемијата. Со доаѓањето на зимата, сè повеќе луѓе имаат многу тешки симптоми, премногу од нив умираат секој ден. Меѓутоа, пандемијата треба да ја потиснеме така што ќе го зачуваме здравиот разум. Ова е само еден од стотиците вируси што предизвикуваат болести кај луѓето и не можеме да го елиминираме, исто како што не можеме да ги елиминираме ни другите вируси. Како и со сите други вируси, најдобрата одбрана се метаболичкото здравје и силниот имунолошки систем. Стресот и стравот директно го деактивираат имунолошкиот систем. Ако многу се плашите дека ќе се разболите, вашиот страв само ја зголемува веројатноста дека навистина ќе се разболите, но не само од ковид-19, туку и од други метаболички болести, тумори и други болести од кои здравиот организам може успешно да се одбрани“, заклучува Лауц.

Njegovo veličanstvo SARS-CoV-2! SARS-CoV-2 je pokorio svijet. Pred virusom koji zapravo niti po čemu nije toliko...

Posted by Gordan Lauc on Saturday, 28 November 2020

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе