Просириската опозициска ТВ-станица Ориент соопшти дека авионот бил соборен над Кан Шејкун, град под контрола на бунтовниците, но кон кој напредуваат провладините сили, пренесува Ројтерс.
Сириските државни медиуми не известија за инцидентот, пренесува Ројтерс.
Џихадистичката група Тарир ел-Шам соопшти дека урнала авион над Идлиб. Таа група соопшти дека станува збор за авион „сухој 22“.
Во соопштение објавено на Телеграм џихадистичката група вели дека воениот авион бил соборен во близина на градот Ел Таманаха во јужниот дел на Идлиб.