Со знамиња на Кина ги удирале демонстрантите во Хонг Конг (ВИДЕО)

Продемократски активисти од Хонг Конг планираат да окупираат трговски центри, откако синоќа за време на протестите формираа човечки ланци носејќи светилки.

На снимките, кои се појавија на Твитер, се гледа како приврзаниците на кинеските власти ги тепаат демонстрантите со стапови на кои се закачени знамиња на Кина.

Демонстрантите, исто така, планираат да се соберат пред конзулатот на Велика Британија, барајќи од Кина да ја почитува Заедничката декларација што ја потпиша во 1984 година со Лондон за иднината на поранешната британска колонија, вратена под кинеска власт во 1997 година.

Стотици демонстранти во петокот мирно пешачеа по улиците, пеејќи песни по повод есенскиот фестивал, за разлика од претходните викенди, кога полицијата користела солзавец, гумени куршуми и воден топ.

Демонстрантите се собрале и во трговските центри каде што повремено се расправале со приврзаниците на Кина, пренесе Ројтерс.

Протестите во Хонг Конг започнаа во јуни поради законот за екстрадиција, кој сега е повлечен, но прераснаа во борба за поголем степен на демократија, при што многумина млади демонстранти изразуваат незадоволство и поради високите животни трошоци и недостиг од работни места.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе