Со судски налог забранети демонстрации на аеродромот во Хонг Конг

Аеродромските власти во Хонг Конг велат дека добиле судска забрана за демонстрации што го нарушуваат функционирањето на аеродромот.

Кинеската канцеларија за Хонг Конг истиот ден ги осуди, како што ги нарече, „терористичките акти“ на меѓународниот аеродром во Хонг Конг, вклучително и вчерашниот инцидент во кој демонстрантите нападнаа кинески новинар, објави Кјодо.

Откако неколкудневните протести го нарушија работењето на аеродромот и го принудија да откаже стотици летови, аеродромот денес се врати во нормала, иако повеќе од 100 летови се откажани, според веб-страницата на аеродромот.

Администрацијата на аеродромот соопшти дека добила привремена забрана за „ограничување на лица од незаконско и намерно мешање или попречување на соодветно користење на аеродромот“ и од „присуство или учество во какви било демонстрации или протести на аеродромот“, освен во одредени области.

Во зградата беа распоредени и полицајци, а персоналот на аеродромот ги запираше сите лица освен патниците и овластениот персонал, откако беа објавени копии од забраната, јавуваат локалните медиуми.

Управниот директор на аеродромот Фред Лем им рече на новинарите дека демонстрациите може да се одржуваат само на одредени места, со претходно одобрение.

„Но немаме план да одобриме никакви демонстрации во блиска иднина“, рече Лем.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе