Жртви на криумчарење

Со помош на апликација споиле илјадници исчезнати деца со семејствата

Индиската полиција споила илјадници исчезнати деца, жртви на криумчарење, со нивните семејства со помош на нова апликација за препознавање лица, за која велат дека ќе ја „промени играта" во решавањето на тој проблем.

Секоја година во Индија исчезнуваат десетици илјади деца, од кои многу се продаваат за да питаат, да работат во ресторани, во занаетчиската индустрија, во фабрики, во бордели.

Полицијата во јужната држава Телангана развила апликација за препознавање лица во рамки на „Операцијата насмевка“, чија цел е да се справи со злоупотребата на детскиот труд и исчезнатите деца.

„Резултатите се многу охрабрувачки“, рече високиот официјален претставник Свати Лакра, кој ја надгледувал кампањата, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека претходно било предизвик што да се прави со децата кои биле спасени, забележувајќи дека сместувањето на децата во прифатилишта на подолг период не е идеално решение.

„Пронаоѓањето на нивните семејства и испраќањето дома е императив“, рече тој.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе