Австралија

Со комбе полно со дрога се забил во паркирани полициски возила

Австралиската полиција ја изведе една од најлесните заплени на дрога кога комбе со пакети метамфетамин во вредност од повеќе 200 милиони долари се забил во две полициски патролни возила паркирани пред полициска станица во Сиднеј.

„Тоа беше една од најлесните заплени на дрога што е некогаш изведена во Нов Јужен Велс“, изјави за новинарите портпаролот на полицијата Глин Бејкер.

„Овој човек мора да имал многу лош ден. Да удриш во полициски автомобил со толкава количина на дрога во сопствено возило е нечуено, мислам дека станува збор за сплет на многу лоши околности“, рече тој.

Инцидентот се случил во понеделник пред полициската станица Иствуд во северозападниот дел на Сиднеј. Еден час подоцна полицаец го запрел комбето во блиското предградие Рид.

„Во возилото се пронајдени 13 кутии со 273 килограми метамфетамин вредни повеќе од 200 милиони долари", стои во соопштението на полицијата и се додава дека никој не бил повреден.

Возачот (28) на комбето е обвинет за комерцијална дистрибуција на дрога и невнимателно возење.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе