Со калашњиков изрешетан автобус на Косово, убиен возачот и двајца тинејџери (ВИДЕО)

Најмалку три лица се убиени синоќа во пукање кај селото Глоѓане во општина Дечани на Косово.

EPA-EFE

Како што пренесуваат приштинските медиуми, во пукањето настрадале возачот на автобусот кој одел од Ѓаковица кон Дечани, и две млади лица на 17 и 18 години.

Сељман Бериша од Центарот за семејна медицина во Дечани ја потврди смртта на трите лица. Тој наведе дека на три лица им била укажана прва помош и дека биле упатени во Пеќ.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како во болницата во Пеќ пристигнуваат уште ранети.

„Возачот умрел на лице место, учениците умреле во болница“, изјави градоначалникот на Дечани Башким Рамосај. „Шокиран сум и натажен од злосторничкиот напад, во кој три лица ги загубија животите“, кажа тој.

Додаде дека автобусот возел ученици од Ѓаковица до Дечани.

Полицијата соопшти дека најверојатно еден напаѓач го нападнал автобусот, и дека во тек е потрага по напаѓачот или напаѓачите. Автобусот бил изрешетан со калашњиков.

По нападот се огласи претседателката на Косово Вјоса Османи

Таа на Фејсбук напиша дека нападот на ученичкиот автобус е напад врз безбедносниот поредок на Косово. Истакна дека безбедноста на граѓаните е приоритет и дека од таа мисија нема да се откаже.

Им изрази сочувство на семејствата на загинатите и им посака брзо оздравување на ранетите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе