„Со воена брзина“, Кина води во трката за вакцина за ковид-19

Кина напредува во трката да развие вакцина за да помогне во контролата на пандемијата ковид-19, при што експерименталната вакцина на Синовак Биотек стана втора во земјата и трета во светот што подоцна овој месец ќе влезе во тест на последната фаза, вели Ројтерс.

Фото: ЕПА

Иако заостанува во глобалната индустрија за вакцинирање, Кина, од каде што се смета дека потекнува новиот коронавирус, ги собра на едно место државниот, воениот и приватниот сектор во походот против болеста од која починаа над 500.000 луѓе низ целиот свет.

Многу други земји, вклучувајќи ги и Соединетите Држави, тесно соработуваат со приватниот сектор во обид да ја добијат трката за развој на вакцините, а Кина се соочува со многу предизвици.

Нејзиниот успех во намалувањето на бројот на заразените со ковид-19 го отежнува спроведувањето на големи испитувања за вакцини, а досега само мал број други земји се согласија да работат со неа. По минатите скандали со вакцините, Пекинг ќе мора да го убеди светот и дека ги исполнил сите стандарди за безбедност и квалитет.

Но употребата на алатки од типот на командна економија во Кина досега дава резултати.

На пример, фирма контролирана од државата комплетира две фабрики за вакцини, како што вели, со „воена брзина“, за неколку месеци, додека државните претпријатија и војската дозволија експериментални инјекции да се користат на персоналот.

Единицата за медицински истражувања на Народната ослободителна армија (ПЛА), која беше движечка сила во напорите на Кина за борба против заразните болести, работи и со приватни фирми, меѓу кои и со Кансино, за развој на вакцини против ковид-19.

Предизвикувајќи ја традиционалната доминација на западната индустрија, Кина е осма од 19-те кандидати за вакцини испитувани на човекот, а фаворити се експерименталната инјекција на Синовак и една заеднички развиена од страна на војската и Кансино.

Во моментов има само две експериментални вакцини за ковид-19 во последните испитувања од фаза III - една од Синофарм и друга од Астра Зенека и Универзитетот во Оксфорд. Синовак подоцна овој месец ќе стане трет.

За да го забрза процесот, Кина им дозволи на Синофарм и Синовак да ги комбинираат испитувањата од фазите I и II за своите кандидати за вакцина.

ПЛА има свој сопствен процес на одобрување за „специјално потребни воени лекови“ и минатиот месец ја одобри воената употреба на кандидатот развиен од нејзината истражувачка единица и Кансино.

Водечката научничка од ПЛА, Чен Веи, која беше лицето на походот за развој на вакцини, беше меѓу првите чиј тим ја разви експерименталната доза против ковид-19, како и нејзиниот потенцијален третман на САРС години пред тоа, пренесуваат државните медиуми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе