Со ауди во Загреб покосил трамвајска станица (ВИДЕО)

Ноќта од неделата кон поноделник во Загреб се случила страшна сообраќајна несреќа, за среќа без жртви. Во раните утрински часови возач на „ауди“ удрил во трамвајска станица во близина на главната пошта.

Полицијата соопшти дека 31-годишник управувал со личен автомобил марка „ауди А6“ со загрепски регистарски таблици, а се движел по улицата Кнез Бранимир во насока кон запад.

Тој од сообраќајната лента за вртење десно продолжил да се движи право поради што со предните тркала налетал на пешачки остров за насочување на сообраќајот и поминал преку него налетувајќи на два столба на пешачки семафори. Потоа продолжил да се движи по станица на трамвај и со предниот дел налетал на оградата и натстрешницата.

Сѐ се гледа на снимката од безбедносната камера која е објавена на социјалните мрежи.

Во сообраќајната несреќа е тешко повреден 31-годишникот кој управувал со автомобилот и пружена му е лекарска помош.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе