„Да се заштитат свиркачите не е непријателски чин“

Сноуден се надева дека Франција ќе му даде азил (ВИДЕО)

Американскиот свиркач Едвард Сноуден се надева дека Франција ќе му даде азил, рече тој во интервјуто за француското Интер Радио, кое ќе биде објавено во понеделник, додека кратки извадоци се објавени во саботата.

Извадоци од интервјуто се достапни на Твитер на француското радио и покажуваат дека Сноуден изјавил дека би сакал францускиот претседател Емануел Макрон да му овозможи живот во таа земја.

Засега не е познато кога и каде е направено интервјуто.

„Не се работи само за Франција, туку и за западниот свет, системот во кој живееме. Заштита на свиркачи не е непријателски чин. Да се прифати некој како мене не значи напад на Соединетите Американски Држави“, рече Сноуден, според извадоците.

Американскиот свиркач Сноуден живее во Русија од 2013 година, каде што избега и доби азил, а дозволата за престој му  продолжена до 2020 година. Тој работел за американската агенција за разузнавање НСА кога во 2013 година ги објавил податоците за светскиот надзор над комуникациите и интернетот.

Многу активисти за човекови права го сметаат за херој, а американските власти сакаат да му судат поради протекување на класифицирани информации во јавноста и го обвинија за шпионажа и откривање на државни тајни.

На 17 септември, Сноуден ќе ги објави своите мемоари истовремено во дваесет земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Германија, Велика Британија, Бразил, Тајван.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе