Свиркачот од Централната разузнавачка агенција

Сноуден пребарувал по ЦИА дали постојат вонземјани. Еве што нашол

За сите што упаѓаат во Областа 51, веруваат во кемтрејли и ги негираат климатските промени: Едвард Сноуден пребарувал длабоко низ американските разузнавачки мрежи и може да пријави дека теориите на заговор не се точни, вели Си-ен-ен.

Како поранешен вработен во ЦИА и соработник на Националната агенција за безбедност, Сноуден имал пристап до некои од најстрого чуваните тајни на нацијата.

И, како и секој љубопитен ум со пристап до пребарувачката верзија на ЦИА, тој тргнал во потрага по одговори на некои од најголемите прашања на општеството.

Излегува дека владата на САД не знае за никаков интелигентен вонземски живот, вели тој.

„Официјално, колку што јас можам да кажам, вонземјани никогаш не стапиле во контакт со Земјата, или барем не контактирале со американските разузнавачи“, пишува Сноуден во своите нови мемоари, „Траен запис“.

Исто така, слетувањето на Месечината навистина се случило.

„Ако се сомневавте: да, човекот навистина слетал на Месечината. Климатските промени се реални. Кемтрејли не постојат“, додава тој.

Свиркачот на НСА зборуваше за теориите на заговор и во епизодата на поткастот „Искуството на Џо Роган“, објавена во средата, и рече дека „нема докази“ за вонземјани и кемтрејли (хемиски траги што наводно ги испуштаат леталата) и слично.

„Знам, Џо, знам дека сакаш да постојат вонземјани“, се пошегува Сноуден со Роган, водителот на поткастот. „Знам дека Нил де Грас Тајсон очајно сака да постојат вонземјани. И веројатно постојат, нели?

„Но идејата дека ние ги криеме - ако ги криеме - јас имав смешно лесен пристап до мрежите на НСА, ЦИА, на војската, на сите овие групи. Не успеав да најдам ништо“, продолжи тој . „Значи, ако е скриено, а може да е скриено, скриено е многу проклето добро, дури и од луѓето што се внатре“.

Да бидеме искрени, вели Си-ен-ен, човекот откри огромна програма за надгледување раководена од американската влада и како резултат на тоа сега живее во егзил во Москва. Ако американската влада чуваше тајни за вонземјани и за НЛО во Областа 51, сигурно Сноуден ќе беше тој што ќе ги откриеше.

Е па зошто луѓето на интернет толку многу сакаат да веруваат во теории на заговор? Ова е прашање на кое Сноуден го има одговорот.

„Сите сакаат да веруваат во теории на заговор затоа што тоа му дава смисла на животот“, рече тој во поткастот. „Тоа ни помага да веруваме дека некој ги контролира работите, командува“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе