Кога слетаа на Флорида, за да се преселат во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп, Џо Бајден беше на помалку од еден час од положувањето на заклетвата за да го наследи како претседател на САД.
Кога излегоа од авионот, Трамп им мавташе и им се насмевнуваше на присутните новинари, но госпоѓата Трамп како да направи гримаса додека се оддалечуваше од кадарот додека последен пат ја снимаа како прва дама на САД, вели Индипендент.
Снимката на која Меланија Трамп се оддалечува од својот сопруг на пистата во Флорида е прегледана повеќе од четири милиони пати во текот на денот откако беше објавена на интернет.
„Меланија рече: Мојот договор да се преправам заврши пред 7 мин“, „Меланија веќе престана да глуми“, „Кој знаеше дека Меланија има толку совршен тајминг“, се само дел од твитер-коментарите на снимката.
If “I’m over it” were a person. pic.twitter.com/CLA8WucyXX
— The Lincoln Project (@ProjectLincoln) January 21, 2021
Melania said: My contract to pretend ended 7 min ago. pic.twitter.com/FBKMdqrCVf
— It's FELIPE... (@FESAUGUSTOS) January 21, 2021
Who knew Melania had such excellent comic timing https://t.co/fatD0UBZJ1
— Julia Ioffe (@juliaioffe) January 21, 2021
И други клипови и слики на госпоѓата Трамп од средата предизвикаа бура на социјалните мрежи. Беа споделени неколку слики на кои Доналд Трамп Јуниор, Ерик Трамп и Иванка Трамп трогнато го гледаат прошталното обраќање на својот татко, а Меланија е широко насмеана додека се качува во Претседателскиот авион за да заминат за Флорида.
„Изгледа толку среќно“, напиша еден твитерџија: „Меланија со искрена насмевка“.
There we go.
— Richard Chambers (@newschambers) January 20, 2021
Donald and Melania Trump leave the White House. pic.twitter.com/BJ6W8Ap7C4
Многу корисници ги поставија едни до други сликите на трогнатите деца на г. Трамп и на насмеаната госпоѓа Трамп, за да ги покажат навидум различните емоции дента.
— Acyn Torabi (@Acyn) January 20, 2021
Меланија беше насмеана и додека за последен пат чекореше по скалите на Претседателскиот авион кога двојката слета на Флорида.
Donald and Melania Trump arrive in #Florida on Air Force One after leaving #WashingtonDC while Joe Biden was inaugurated on Wednesday pic.twitter.com/cqRBjp4cSE
— Hans Solo (@thandojo) January 21, 2021
Средата не беше првпат Меланија да предизвика возбуда со својата насмевка - Трамп побара од неа да се насмевне додека беа во посета на црква во јуни. На снимките направени од посетата, камерите го снимија Доналд Трамп ѝ кажува нешто кратко на жена си, па им се насмевнува на фотографите што ја документираа нивната посета. Кога забележа дека Меланија не се смее, тој повторно ѝ кажа нешто, па изнуди од неа брза насмевка и заминаа.
Госпоѓата Трамп во повеќе наврати беше снимена и како одбива да го држи својот сопруг за рака, поради што тој постојано беше исмеван на социјалните мрежи.
Поранешниот претседател и поранешната прва дама беа првиот пар во заминување од Белата куќа што не присуствуваше на инаугурацијата на својот наследник по скоро 160 години.
Се очекува Трамп во следните месеци да се врати во Вашингтон, бидејќи го чека судски процес за импичмент за неговата улога во поттикнувањето на немирите во Капитол на 6 јануари.