Полицијата ја објави

Снимката од фаталната несреќа со автономното возило на Убер (ВИДЕО)

Полицијата на Темпи, Аризона, ја објави снимката од моментот кога била прегазена и убиена жената во несреќата со експерименталното возило на Убер.

Камера поставена на инструмент-таблата на автомобилот кој возел во главниот град на сојузната држава, Феникс, го снимила фаталниот момент од неделата вечер. Пред објективот се појавува жена која турка велосипед, но автомобилот не успева да сопре и удира во неа.

Видеото е исечено непосредно пред ударот, за да не се види вознемирувачкиот момент. Жртвата, 49-годишната Елејн Херцберг, почина од добиените повреди.

Во вториот дел од видеото се гледа како помошниот возач во автомобилот не внимава на тоа што се случува на патот. Таа предоцна ја забележува жената што го преминува патот и реагира.

Убер ја прекина програмата за беспилотни такси возила по фаталната сообраќајка, а американскиот Национален комитет за безбедност во сообраќајот отвори истрага.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе