Снимка со дрон ја покажува штетата на катедралата Нотрд Дам еден ден по пожарот (ВИДЕО)

Пожарот кој ја уништи катедралата Нотр Дам веројатно бил случајно предизвикан, соопшти вчера француското обвинителство откако беше изгасен пожарот. Ни денес нема нови информации за причината за несреќата.

Околу 400 пожарникари беа потребни за да се скроти огнената стихија која го уништи покривот и ја урна кулата на средновековната катедрала. Гасењето вкупно траеше 14 часа откако беше забележан пожарот.

„Главната теорија е дека станува збор за несреќен случај“, изјави парискиот јавен обвинител Реми Хајц и додаде дека 50 истражители работат на истрагата за која се верува дека ќе биде долга и сложена.

Полицијата вчера го почна испрашувањето на работниците кои работеле на реновирањето, соопштија од кабинетот на обвинителот.

Францускиот премиер Едуар Филип свика министерски консултации за обновувањето на катедралата, а министерот за култура им кажа на новинарите дека уметничките дела од Нотр Дам ќе бидат префрлени во музејот Лувр.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе