Понте Моранди

Снимка од воздух го прикажува размерот на катастрофата во Италија (ВИДЕО)

Надвозникот што бил дел автопатот во близина на Џенова, Италија се сруши, а според првите официјални информации, 22 лица загинале во несреќата.

Италијанскиот министер за внатрешни работи објави дека 22 лица загинаа, а пет лица се сериозно повредени.

На социјалните мрежи, објавена е снимка од воздух што го прикажува размерот на трагедијата што ја погоди Италија. Се гледа срушениот надвозник и многу возила околу урнатините.

Во неколку смачкани возила под урнатини се извлечени телата на неколку загинати лица, а две лица се извлечени живи, соопштија спасувачките служби.

Меѓу жртвите е и едно дете, велат полициски извори.

Понте Моранди, дел од автопатот А10, се сруши денес за време на пороен дожд откако бил погоден од гром, тврдат сведоци, пренесе Би-би-си.

„Беше веднаш по 11:30 часот, кога видовме молња како го погоди мостот“, цитирана е изјавата на сведокот Пјетро Ем Асаса, објавена од италијанската новинска агенција Анса. „И видовме како мостот се сруши“.

Друг неименуван сведок вели: „Слушнавме неверојатен рев и прво мислевме дека е гром што удрил многу близу.“

„Живееме околу 5 километри од мостот, но слушнавме луд тресок... Многу се исплашивме...“

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе