Снимка од наводниот момент кога била испукана ракетата што го собори украинскиот авион (ВИДЕО)

Снимка од моментот кога наводно била испукана ракетата што го собори украинскиот патнички авион е објавена на Твитер.

Иранска ракета го погодила авионот што сообраќал на линијата Техеран-Киев, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Иран утрово ја призна вината и рече дека иранската војска мислела дека леталото е крстосувачка ракета, а претседателот Рохани во телефонски разговор му се извини на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Видеото на Твитер го објави новинарот Гај Елстер, со коментар: „Нова снимка го покажува моментот кога е испукана ракетата во правец на украинскиот авион во Иран“.

Сè уште нема официјална потврда на автентичноста за снимката.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе