Снимка од гасењето на пожарите во Грција: канадер влегува во „пеколно“ небо (ВИДЕО)

На грчкиот остров Евија ангажирани се стотици пожарникари поради разорните шумски пожари. Ангажирани се и канадери и хеликоптери за да се изгаси пожарот.

На снимка што ја објави Раша тудеј се гледа канадер на небото, чија боја брзо преминува од светло сина во пеколно портокалова кога авионот е над пожарот.

Околу 200 пожарникари се борат со пожарот на терен.

Властите прогласија вонредна состојба во регионот, евакуирани се четири села и стотици локалци.

Грција поради пожарите побара и помош од Европската Унија.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе