Снежно невреме во Србија во април (ВИДЕО)

Западна Србија во текот на ноќта ја зафати снежно невреме.

EPA-EFE

Во планинските села во Ивањица паднале дури 40 сантиметри нов снег, додека во градските области неговата висина е околу 15 сантиметри.

Априлскиот снег ја зафатил и општината Нова Варош, каде е формирана нова снежна покривка во висина од неколку десетици сантиметри.

„Неверојатно за 7 април, снегот повторно ја покри Нова Варош. Околу 30 сантиметри паднаа во текот на ноќта, во планините и повеќе. До одделни домаќинства може да се стигне само со теренски возила, но механизацијата е на терен“, соопштија властите.

На возачите им се советува дополнителна претпазливост за време на возењето.

Снежното невреме го зафати и главниот град Белград.

Вкупно 10 сантиметри снег паднаа за 24 часа на Врачар, а во исто време на Копаоник само 4 нови сантиметри, а покривката на оваа планина достигнува скоро еден метар.

Најдоцниот снег забележан во Белград во последните стотина години паднал на 11 мај 1953 година. На годишно ниво Белград е просечно околу 39 дена под снежна покривка.

Максималниот број денови со снежна покривка бил забележан во 1940 година и изнесувал 98 дена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе