Бура на деценијата

Снежно невреме во САД, верижни судири, има мртви (ФОТО+ВИДЕО)

Североисточниот дел на САД беше погоден од силна снежна бура и биле издадени предупредувања за 14 држави. Повеќе од 60 милиони луѓе се на удар, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Во делови на Пенсилванија и Њујорк се очекува и над половина метар снег.

Националната метеоролошка служба предупреди дека во најтешко погодените делови ќе биде опасно, ако не и невозможно да се патува, а можен е и прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Во некои области ќе наврне снег колку што наврнало во текот на целата мината зима.

Две лица загинале во сообраќајна несреќа во централна Пенсилванија во која учествувале меѓу 30 и 60 автомобили. Во Њујорк се судриле 27 возила при што биле повредени шест лица.

Метеоролозите оваа бура ја нарекоа бура на деценијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе