Потрага по преживеаните под снегот

Снежна лавина во швајцарски ски-центар: Има затрупани лица (ФОТО+ВИДЕО)

Швајцарските медиуми јавија дека швајцарското скијачко одморалиште Кран-Монтана во кантонот Вале е зафатен со лавина.

Полицијата потврди дека снежната лавина ја зафатила скијачка патека во 14.15 часот и дека има затрупани скијачи.

Локалните медиуми известуваат дека лавината однела од 10 до 12 лица, но тој број би можел да биде поголем.

Спасувачките тимови се на терен и трагаат по исчезнатите лица. Два хеликоптери се пристигнати на местото на настанот.

Сликите од социјалните медиуми сугерираат дека лавината зафатила означена патека, но полицијата сè уште не ја потврди точната локација на спасувачката операција, пренесе Би-би-си.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе