Снег во Грција: затворени парламентот и училиштата, некои места немаат струја (ФОТО+ВИДЕО)

Снегот денес обели поголем дел од Грција, ги затвори училиштата и центрите за вакцинирање како и парламентот, а без струја останаа некои планински села. Температурите паднаа на -14 Целзиусови степени ноќта од неделата кон понеделникот, а ветерот наречен Елпис (грчкиот збор за надеж) го донесе првиот снег во Атина.

EPA-EFE

Парламентот остана затворен, како и училиштата во поширокиот регион на Атина, каде беше нарушен и превозот со метри до аеродромот, но воздушниот и поморскиот сообраќај се одвиваа непречено. „За нашата земја ова се екстремни услови“, изјави за ЕРТ Христос Зерефос, професор по физика.

„Сега сите сили ги вложуваме да ја одржиме националната патна мрежа и главните артерии отворени“, кажа портпаролот на грчката влада Јанис Економу и додаде дека „временските услови ќе останат тешки“ и утре.

Студен бран со температури под нулата и ледени ветришта ја погоди Атина и во февруари 2021, поради што четири лица загинаа на островите Евија и Крит, а десетици домаќинства со денови беа без струја.

Костас Лагувардос од Националната опсерваторија во Атина кажа дека грчката престолнина не видела ваква зима од 1968 година.

Снег падна и на неколку острови во Егејското Море, што е сосема невообичаено, а без струја останаа села на Андрос, Наксос и Тинос. Бели се плажите на Миконос, познатото туристичко одредиште.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе