Снег ја парализираше Хрватска, невремето ги сопре и траектите (ВИДЕО)

Снегот кој паѓа во Хрватска предизвикува големи проблеми во сообраќајот, и на патиштата но и на бродските линии.

Како што јавува хрватски Индекс, снег паѓа во регионот Капела, на Сљеме и на Горски Котар, а патиштата се мокри и лизгави во целата внатрешност. Силните ветришта создаваат проблеми во крајбрежните региони, а можни се и одрони на земјиште.

Во моментов е забранет сообраќајот за сите возила освен патничките кон Риека или Истра, а граничниот премин Пасјак е затворен за цел сообраќај поради сообраќаен инцидент со товарно возило во Словенија.

Поради зимските услови за возење во Горски Котар е забранет сообраќај за товарни возила, а сите останати категории мора да имаат зимска опрема.

Поради силното невреме во прекин се и голем број траектни линии.

Снегот создава проблеми и во Босна и Херцеговина.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе