Снег ги покри Хаваи: „Ова го гледаме првпат во историјата“ (ВИДЕО)

Зимско невреме ги погоди Хаваите вчера и денес и на островите им донесе силни ветришта, дожд, високи бранови, па дури и снег.

Силните ветришта буткале дрвја и корнеле сообраќајни знаци од земјата. Поради откорнатите далноводи одделни делови од Хаваи останале бeз струја.

Си-ен-ен јавува дека снег паднал на Мауи, а според прогнозите се очекува и на некои други делови на островите.

„За првпат во историјата снег падна во националниот парк Полиполи. Полиполи е прекриен со снег. Никогаш во историјата не паднал снег на волку мала надморска височина“, соопшти американската Агенција за земјиште и природни ресурси.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе