„СТОТИНА ЗАГИНАТИ, ИЛЈАДНИЦИ ПОВРЕДЕНИ“

Снајперска војна на улиците на Киев (ВИДЕО)

Порастот во бројката на загинатите во насилните немири во Украина се должи на тоа што и вооружените демонстранти и полицајците од денеска користат боева муниција. На улиците на Киев лежат мртви тела со куршуми во главите, пишува британски Телеграф.

Сè до оваа недела, пукотниците од снајпер во центарот на Киев се слушаа одвреме-навреме. Но денеска и безбедносните сили и демонстрантите се снимени како демнат на улиците со пушки.

Најмалку 75 луѓе се убиени, од кои 13 полицајци, а 130 полицајци се хоспитализирани со прострелни рани, изјави украинското Министерство за внатрешни работи, пренесува Раша тудеј. Вкупно 565 спроведувачи на законот побарале лекарска помош од вторникот до денес, а 410 од нив биле однесени во болница.

Лекарите, пак, што им помагаат на луѓето на Плоштадот на независноста во Киев велат дека од вторникот до денес само од страната на демонстрантите загинале најмалку 70 луѓе. 

Украинската опозиција тврди дека повеќе од 100 демонстранти се убиени од почетокот на насилните немири, велејќи дека повредените се бројат со „илјадници“.


Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе