Министерот, принцот Абдулазиз бин Салман, за медиумите изјави дека производството на нафта во октомври ќе достигне 9,89 милиони, а до крајот на ноември и 12 милиони барели на ден.
Тој рече дека Ријад сè уште не знае кој е одговорен за нападите, иако Вашингтон го впери прстот кон Техеран.
Иран негираше вмешаност во нападите, а бунтовниците хути во Јемен ја презедоа одговорноста, предупредувајќи дека може да се очекуваат уште повеќе напади.
Меѓутоа, извршниот директор на Сауди Арамоко, Амин Насер, вели дека сега тие произведуваат „два милиони барели“ од Аквакик.
Насер рече дека Саудиски Арамко сè уште е во процес на процена на поправките што треба да се извршат на рафинерите. Тој исто така рече дека резервите на нафта на кралството се доволни за справување со кризата.
„Арамко“ е компанијата „на која можете да ѝ верувате најмногу на светот“, рече тој.