Смог го „проголта“ Њу Делхи, градот не се ни гледа (ФОТО)

Густ смог го обви денес главниот град на Индија Њу Делхи, а квалитетот на воздухот се искачи на опасно ниво по прославата на хиндуистичкиот фестивал Дивали, пренесе АП.

За време на овој фестивал, десетици илјади луѓе палат петарди.

Училиштата за време на празникот се затворени, па многу деца останале во домовите за да го избегнат загадувањето на воздухот кое достигна до 681 честички во Њу Делхи, соопшти американската амбасада од 200 во претходниот ден. Оваа количина е дваесет пати поголема од онаа што Светската здравствена организација ја смета за безбедна.

Владата наведе дека големото загадување е резултат на палење на земјоделското земјиште и огномет.

Индискиот институт за тропска метеорологија соопшти дека се очекува зголемениот ветер да го разреди загадувањето за два до три дена.

Многумина кои прославуваа се оглушија на наредбите од Врховниот суд да се палат петарди или огномети два часа во среда вечерта меѓу 20.00 и 22.00 часот и да се користат само петарди кои помалку го загадуваат воздухот.

Индиските власти се обиделе да ја намалат прашината со измивање на многу населби и издавање наредби до градителите да ги покријат градилиштата. Електраните на јаглен во главниот град на Индија се затворени.

Министерството за транспорт проверувало дали автобусите што влегуваат во регионот имаат соодветни документи за издувни гасови. Владата ги забранила дизел возилата постари од 10 години. Во средата владата го забранила влезот на дизел возила во Њу Делхи од 8 до 10 ноември, за да го контролира нивото на загадување. Дозволен е пристапот само на оние дизел камиони кои носат храна.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе