Двајца високи функционери од кабинетот на претседателот Раџоелина рекле за Ројтерс дека министерот Ричард Рандриамандрато бил разрешен бидејќи бил еден од оние што гласале за усвојување на резолуцијата.
Минатата среда Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство усвои резолуција со која се осудува одржувањето референдум за присоединување на четири украински региони кон Русија.
За усвојување на резолуцијата што ја подготви ЕУ гласаа 143 земји-членки на Генералното собрание на Обединетите нации, од вкупно 193.
Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против - Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.
35 земји беа воздржани, меѓу кои и Кина, додека другите не гласаа.
Нападот на Русија врз Украина оваа година доведе многу африкански земји во непријатна дипломатска положба, имајќи предвид дека многумина имаат комплицирана историја од аспект на односите со Западот и со поранешниот Советски Сојуз, како и важни економски врски со Русија, наведува Ројтерс.
До минатата недела, Мадагаскар секогаш се воздржуваше за време на разните гласања за резолуции поврзани со кризата во Украина.