„Случајот затворен!“, напиша Трамп откако Малер рече дека му било забрането да го обвини претседателот

Веднаш по завршувањето на обраќањето на специјалниот советник Роберт Малер, во кое тој рече дека Министерството за правда му забранило да го обвини претседателот, на Твитер се огласи Доналд Трамп: „Случајот затворен!“.

Трамп од обраќањето на Малер, кој даде оставка и ја затвори канцеларијата на Специјалното обвинителство, заклучи дека ништо не е сменето од Извештајот на Малер.

„Ништо не е сменето од Извештајот на Малер. Немало доволно докази, па затоа, во нашата Земја, лицето е невино. Случајот е затворен! Ви благодарам“, напиша Трамп на Твитер.

Малер, пак, денеска рече дека не се сигурни дали претседателот сторил кривично дело и дека ако биле сигурни, ќе го напишеле тоа.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе