Случајот што ја шокира Франција: суд ќе расправа дали 11-годишно дете може да се согласи на секс

Може ли 11-годишно дете слободно да се согласи на сексуален однос со 28-годишен маж? Ова прашање ќе биде во фокусот на судењето кое почнува денес во Понтоаз, во парискиот регион, додека со нацрт закон се предвидува воведување минимална возраст за согласност.

Аферата ја шокира француската јавност и предизвика жива дебата. Минатата година, на 24 април, 11-годишно девојче следеше маж, кој претходно двапати ѝ пришол, до неговиот стан, каде што имале сексуален однос.

Нејзините родители поднесоа тужба за силување опишувајќи преплашено дете, неспособно да се брани и шокирано од тоа што му се случило.

Но, обвинителството процени дека не станува збор за силување бидејќи односот бил доброволен и не бил извршен никаков физички притисок врз малолетничката која заминала по мажот по сопствена волја.

Оценувајќи дека немало „ни насилство, ни присила, ни закана, ни изненадување“, обвинителството одлучи кривично да го гони таткото на две деца со законот за забранет сексуален однос со дете кој е дефиниран како „сексуален напад врз малолетничка на возраст до 15 години“. Му се закануваат 5 години затвор.

Судската постапка, меѓутоа, може да се врати повторно на почеток бидејќи родителите на малолетничката планираат да бараат мажот кривично да се гони за силување, за што е предвидена затворска казна од 20 години, а не за полов однос без присила за што максималната казна е пет години.

Минатата година имаше уште две афери: ослободување на 30-годишен маж обвинет за силување на 11-годишно девојче, и осуда на 18 месеци на затвор за професор кој бил во врска со својата 14-годишна ученичка.

Француската влада тогаш реши да воведе минимална возраст за согласност на сексуален акт за која Емануел Макрон сака да изнесува 15 години. Нацрт-законот против сексистичко и сексуално насилство кој треба да го одреди тој праг се очекува на Советот на министри на 7 март. Дотогаш министерството за правосудство задолжи „мултидисциплинарна мисија“ за придонес во дебатата. Групата експерти, меѓу кои правници и лекари, треба да го изнесе своето мислење на 1 март.

За адвокатката на девојчето и нејзините родители „прашањето за согласност на 11-годишно дете не би ни требало да се поставува“.

Ако нејзината клиентка се препуштила тоа било поради состојбата на шок, смета адвокатката Карин Дибо, за која сите уставни елементи за силување се присутни во случајот: сексуална пенетрација, „морална присила“ (која произлегува од нивната разлика во години), изненадување, насилство и закана.

Адвокатот на одбраната истакна дека наводната жртва „изгледа постара од својата возраст и дека неговиот клиент мислел дека имала 17 години“. Тој тврди и дека девојчето „лаже за сѐ и дека воопшто не е невина во целата афера“.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе