Словенка поради страв од коронавирусот претерала со дезинфекција, морала во болница

Дека епидемијата на коронавирусот ја следи непотребна паника со сопствен пример покажала 40-годишна жена од околината на Копар која поради жестока дезинфекција завршила во болница.

Таа по пријателски бакнеж со познаник за кој во тој момент не знаела дека престојувал во Азија своето лице го третирала со концентрирано дезинфекциско средство, што резултирало со мали изгореници и болка па завршила во брза помош на амбуланта.

Инфектологот Алојз Ихан тврди дека паниката во случајот на новиот коронавирус , кој во Словенија сѐ уште не е регистриран, нема смисла бидејќи стапката на смртност кај таа зараза е приближно иста како и кај обичниот грип, пренесуваат словенечките медиуми.

Во Словенија досега поради сомнеж на зараза со новиот вирус се третирани шест лица, но резултатите биле негативни.

Националниот институт за јавно здравје во соопштение за јавноста наведе дека смртноста од заразата со коронавирусот во Кина засега се проценува на два до четири отсто и дека смртноста е главно најголема кај постари лица со хронични болести.

Штета од појавата на новиот коронавирус би можел краткорочно да предизвика штета на словенечкиот туризам, јавуваат медиумите, бидејќи во последните години во пораст се туристичките тури и пократки аранжмани од Азија, па и Кина, а веќе се откажани повеќе посети на туристи од Азија кои требало да ги посетат Постоинската јама и други знаменитости.

Во последните недели, и покрај тврдењата на експертите дека храната во популарните кинески ресторани е безбедна, значително се намалени посетите на љубителите на таа храна, па прометот им паднал и до 50 отсто.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе