Експлозија на вирусот

Словенија забележа уште 1.100 случаи на корона

За само 24 часа во Словенија се регистрирани уште 1.100 лица заразени со коронавирусот. Во сила стапи и полицискиот час. Премиерот Јанез Јанша упати порака до граѓаните да бидат сериозни.

Како реакција на протест против полицискиот час што се одржа во Марибор, словенечкиот премиер Јанез Јанша синоќа на твитер напиша дека Словенија бележи 1100 нови случаи позитивни на коронавирусот:

„Денеска имаме нови 1100 случаи. Дајте, бидете сериозни!", напиша Јанша.


Портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин ги повика граѓаните да останат дома.

Во Словенија од синоќа покрај другите мерки е воведен и полициски час од 21 до 6 часот. Во Љубљана и во други градови ноќта мина мирно со пусти улици, на кои имаше само полиција и други служби, но во Марибор се случија и протести на луѓе кои сметаат дека воведувањето на полициски час не е уставно. Дел од нив кои немаа заштитни маски на лицата беа казнети.

Полициски час во Словенија за првпат е воведен по прогласувањето на независна држава во 1991 година. Покрај оваа мерка, забрането е движењето помеѓу словенечки региони, за разлика од пролетоска кога постоеше забрана за движење меѓу општини.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе