Во посета Фон дер Лајен и еврокомесарите

Словенија од денес претседава со ЕУ

Словенија од денес го презема претседавањето со Европската Унија и првиот ден во Брдо кај Крањ организира колеџ на еврокомесарите на кој се зборува за приоритетите меѓу кои е и процесот на проширување на Западниот Балкан.

EPA-EFE

Како што најави словенечкото претседателство на ЕУ, покрај средбата на европските комесари на чело со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и членовите на словенечката влада планиран е и посебен состанок на претседателката на ЕК со словенечкиот премиер Јанез Јанша, како и заеднички работен ручек.

Фон дер Лајен и еврокомесарите ќе се сретнат и со претседателот на Словенија Борут Пахор, а еднодневната посета ќе ја завршат на Блед, на премиера на балет во изведба на Словенечкиот народен театар од Марибор.

Приоритетите и целите на словенечкото претседателство, под слоганот „Заедно. Отпорна. Европа“ ќе биде јакнење на отпорноста, заздравувањето и стратегиската автономија на Унијата, дебатата за иднината на Европа, јакнењето на европските вредности со посебен акцент на владеењето на правото, потоа развојот на трансатлантските односи и продолжувањето на процесот на проширување на ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Словенија Анже Логар изјави дека Словенија ќе се фокусира на социјално-економското заздравување на Западниот Балкан по пандемијата и одржливиот развој и напредок на земјите од регионот на патот кон ЕУ, а особено внимание ќе ѝ биде дадено на примената на Зелената агенда во регионот и проектите кои се важни за постепена трансформација на земјите во регионот во одржливи и зелени економии.

Во Словенија за време на нејзиното претседавање со ЕУ ќе бидат организирани околу 190 настани, повеќето во Брдо кај Крањ.

Словенија во 2004 година стана полноправна членка на ЕУ, по шест години преговори. Три години подоцна Словенија стана членка на Шенген зоната и еврозоната. Ова е нејзино второ претседавање, а првото беше во 2008.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе