ШЕФОТ НА ДИПЛОМАТИЈАТА

Словенија ѝ се заканува на Хрватска со саботажа на туристичката сезона

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец во емисијата на словенечката телевизија Студио сити кажа дека Словенија би можела да ѝ ја саботира на Хрватска туристичката сезона во случај Загреб да одбие имплементација на одлуката на арбитражниот суд за Пиранскиот Залив.

На прашањето што ќе се случи ако одлуката на арбитражниот суд стигне воочи туристичката сезона и навалата на Словенците на хрватскиот брег, Ерјавец кажа:

„Ако тоа прашање сѐ уште биде отворено и ако арбитражната одлука не биде имплементирана, ќе има тешкотии на границите за странските туристи и веќе кажав дека тој проблем нема лесно да се реши“, кажа Ерјавец, а пренесува Индекс.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе