Словенија ѝ подари на Украина 35 тенка произведени во Југославија

Словенија ѝ подари на Украина 35 оклопни амфибиски возила БВП М80А, произведени во поранешна Југославија, за што во договор со САД ќе добие компензациски средства за набавка на опрема за словенечката армија, јавуваат словенечките медиуми. Возилата веќе со железница се испратени кон Полска и Украина.

Фото: скриншот

Нивната деконзервација траеше неколку недели, а побрзото испраќање помош за украинската армија досега беше спречено поради логистички тешкотии поради позицијата на Унгарија, која не дозволува транспорт на оружје за Украина преку нејзина територија, според ПОП-ТВ.

Се додава дека Словенија во договор со САД ќе добие средства од американската влада за набавка на оружје и опрема за словенечката армија, во вредност поголема од проценетата сума испратена во Украина.

Амфибиското гасеничко возило БВП М80А со екипаж од тројца војници има топ со калибар 20 мм, митралез и фрлачи на противтенковски ракети Маљутка. Словенија со оваа донација го исполни ветувањето за Украина и придонесе за нејзината одбрана, јави ПОП-ТВ, што го потврди и министерот за одбрана Марјан Шарец.

Според него, Словенија претходно веќе ѝ донирала лесно оружје, шлемови, панцири и друга опрема на Украина, а отсега повеќе ќе се концентрира на други форми на помош, вклучително и деминирање и помош во обновата на Украина по војната.

Како што нагласи министерот Шарец, Словенија има огромно искуство во повоеното деминирање, на кое работеше долги години преку словенечко-американската фондација по завршувањето на војните во поранешна Југославија.

„Тоа е хуманитарна акција бидејќи по секоја војна овие области треба да се деминираат за да нема нови цивилни жртви“, рече Шарец, додавајќи дека тоа не ја исклучува натамошната помош за украинската армија, иако словенечкиот арсенал на оружје и опрема во голема мера е исцрпен.

„Но можеме да им понудиме обука, веројатно на наш терен или на друго место во земјите-членки на НАТО“, рече словенечкиот министер за одбрана.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе